Уште се преговара со „Мекдоналдс“

Од:

Деновиве ќе се знае дали „Мекдоналдс“ ќе остане во Македонија. „Утрински весник“ неофицијално дознава дека во последниот период течат интензивни преговори меѓу акционерите во домашната фирма „СЈ компани“, која до пред еден месец ја имаше франшизата на светскиот бренд, и „Мекдоналдс“. Од преговорите ќе зависи одлуката дали ќе има ресторани во Македонија кои понатаму ќе работат под името на овој бренд.

Седумте локали во Скопје, Тетово и Охрид беа неочекувано затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа.

Тие се уште се на стенд-бај и го чекаат исходот од преговорите меѓу акционерите. Иако повеќе од половина месец не работеа, тие зеле плата за минатиот месец. Им било ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа.

Би можело да ве интересира

Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина