Бројот на странски туристи кои ја посетиле Шпанија во 2020 година падна за повеќе од 80 проценти, односно на 19 милиони туристи. Официјалните податоци покажуваат дека бројот на странски туристи одговара на нивото од 1969 година.
Туристичките пристигнувања паднаа за 85 проценти на годишно ниво во декември откако властите воведоа нови ограничувања поради коронавирусот. Туристите потрошиле 86,1 процент помалку во декември во споредба со истиот месец во 2019 година, според ИНЕ. Во 2020 година, туристите потрошиле 19,7 милијарди евра, што е за 78,5 отсто помалку.
Туризмот учествуваше со 12 проценти во БДП на Шпанија во 2019 година. Иако нема официјални информации за тоа колку секторот придонел во 2020 година, аналитичарите велат дека прогнозата е околу 4-5 отсто од БДП.