Ќе се пренесат рибите за да се избегне еколошка катастрофа во Слатинското Езеро

Од:

За да се избегне еколошка катастрофа на акумулацијата Слатино, утре ќе се изврши излов на рибата од оваа риболовна вода Уловените крупни примероци (потенцијални матици) од видот на автохтонен крап Cyprinus carpio ќе бидат пренесени во езерцето (биофилтер) во дворното место на ЈНУ Хидробиолошки завод во Охрид, каде ке престојуваат се до момент на разрешување на проблемот.

Изловот се врши согласно Мислење на ЈНУ Хидробиолошки завод, а по Одлука на Министерот за земјоделие и решение на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рибата ке се собере со влак под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки завод и Државен инспектор за рибарство.

Останатите ситни риби од сите видови кои ќе бидат уловени ке бидат префрлени во „Требенишко Езеро“ и во останатите водни токови во сливното подрачје на Охридско Езеро.

Евентуално присутни неавхтони видови во ловината ке бидат отстранети.

Би можело да ве интересира

Над 500 килограми риба изловени од Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Почна изловување на рибата од Слатинското езеро

Емир Латифовиќ

Да се избегнува движење кај браната на Слатинско Езеро

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Состојбата на браните Пишица и Слатино се уште критична

Ана Ололовска

Се урна браната во Слатино

Ана Ололовска