Непознат сторител ноќеска украл 30 компјутери од основното училиште „Кочо Рацин“ во село Катланово.
МВР информира дека крадецот со употреба на погоден предмет отворил прозорец и влегол во училиштето по што ги однел компјутерите.
Штетата од кражбата се проценува на околу 403.500 денари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.