„Икеа“ купи речиси 11 хектари шума во Џорџија за да спречи уништување

Од:

Инвестициската група на шведскиот гигант за малопродажба Икеа купи земјиште под шума во југоисточна Џорџија за да ја заштити шумата од уништување и нејзиниот разновиден животински и растителен екосистем од истребување.

Групацијата Ингка, што е сопственик и управува со повеќето продавници на Икеа, купи 10.840 хектари земја во близина на сливот на реката Алтамаха, соопшти компанијата.

– Ние навистина веруваме дека е можно одговорно управување со шумите и гледаме голем дел од нашата одговорност кон земјиштето што ги поседуваме – а со тоа и кон планетата – во пошумување и поголемо засадување отколку сеча“, изјави директорот за инвестиции на „Ингка Инвестментс“, Кристер Матсон.

Земјиштето, купено од непрофитната организација Фонд за заштита, е дом на повеќе од 350 растителни и животински видови, вклучувајќи го и загрозениот долголисен бор и големата копнена желка, кои сега се заштитени.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски