Отстранети повеќе од 15 илјади мини во Нагорно Карабах

Од:

Експерти од Меѓународниот центар за отстранување мини при Министерството за одбрана на Русија откриле и неутрализирале повеќе од 15.000 експлозивни направи во Нагорно Карабах.

Информацијата ја потврди Министерството за одбрана на Русија за агенцијата ТАСС.

„Експертите за отстранување мини продолжуваат да работат на територијата на Нагорно Карабах. Тие веќе прегледаа 123 хектари и открија околу 15.500 експлозивни направи, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана.

Пронајдени се 6.800 артилериски чаури, 3.400 куршуми со различен калибар, над 730 минофрлачки гранати и над 1.100 гранати, како и 100 противтенковски и 196 противпешадиски мини.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски