Рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила се разведоа денеска, пренесуваат руските медиуми.
На само неколку седмици од 30 годишнината од бракот, Путин и Људмила изјавија дека нивниот брак е завршена приказна.
Тие двајца заедно присуствуваа на балетската претстава „Есмералда“ во Кремљ, по што одржаа заедничко интервју за државната „телевизија Русија 24“.
– Нашиот брак е готов поради причината дека ние двајца воопшто не се гледаме – изјави Људмила.
Рускиот претседател Путин, пак, причината за разводот ја објасни во тоа што не можат сите да да живеат јавен живот, каков што подразбира да има сопруга на политичар од негов ранг.
– Целата моја активност и работа е поврзан со јавната сфера, со потполно јавен живот. Некому тоа му се допаѓа, некому не – изјави Путин.
Владимир и Људмила се венчаа во 1983 година и имаат две возрасни ќерќи кои не се експонирани во јавноста.