Првиот потпретседател на владата, Александар Вучиќ вели дека очекува Србија да добие повик за пристапните преговори со ЕУ.
Според него датумот ќе биде закажан за октомври, но тој се плаши дека тоа може да биде и во јануари.
-Сите европски држави, па и оние со најцврст став кон проширувањето ќе имаат позитивен став и убеден сум дека ќе добиеме датум-истакна Вучиќ.
Тој укажа на тоа дека преговорите не почнуваат во јуни, туку тоа е резултат на погрешна интерпретација на медиумите и политичарите.
Запрашан што би било доколку не добијат датум, првиот потпретседател на српската влада изјави дека не сака да зборува за тоа.
-Тоа би било лоша вест за Србија и сите нас. Убеден сум дека луѓето во ЕУ не сакаат да ја казнат Србија, ниту нејзините граѓани. Особено затоа што според нивното признание и зборови, оваа влада направи многу-наведе тој.
Елена Георгиевска