Во турскиот град Адана денеска почина полицаецот кој вчера настрада во судир со демонстрантите.
Дел од турските медиуми објавија дека полицаецот при растерувањето на демонстрантите паднал од надвозник висок пет метри. Лекарите во болницата констатирале мозочна смрт.
Тој денеска почина без да се разбуди од кома. Во Адана синоќа околу 5.000 луѓе демонстрираа и фрлаа камења врз полицијата.
Судирите почнале кога полицијата употреби солзавец и водени топови. Полицијата поради протестите привеле 25 луѓе.