Турската полиција продолжува со примена на сила врз демонстрантите, иако владата во Анкара разговараше со претставници на протестите, а бројот на жртвите на полициското насилство се зголеми на три лица.
Полицијата синоќа околу плоштадот Кизилај во Анкара користела водени топови и солзавец против демонстрантите, пренесуваат турските меидуми, додавајќи дека во протестите во главниот град учествувале пред се синдикатите.
Според агенцијата Анадолија, во најновите протести во Анкара се уапсени девет лица. Во досегашните судири на полицијата со демонтрантите загинаа три лица.
Еден активист синоќа им подлегна на повредеите здобиени во Анкара, соопшти Здужението на лекари.
Бројот на повредени надмина 4.000 лица, додаваат лекарите истакнувајќи дека од нив 42 се во критична состојба. Од друга страна, власта соопштува за околу 300 повредени лица.
За прв пат од почетокот на протестите полицијата апсела и лица кои ја критикуваат владата преку Интернет.
На запад на Турција, во Измир, уапсени се најмалку 29 корисници на Твитер, на кои им се префрла тоа што поттикнувале на востание, пропаганда и дезинформации.