Рускиот борец против огнените стихии Анатолиј Долецки се нарекува себеси „еден од најсилните пожарникари во Русија“. Кусата снимка од неговата невообичаена пракса на вежбање деновиве стана вирална најпрво во Русија, а потоа и ширум интернет-просторот.
Анатолиј во својот режим на вежбање вклучува и склекови кои ги прави на една или на две раце, балансирајќи на сечилото од службената секира, која е дел од задолжителната опрема на секој пожарникар.
За да си постави уште поголем предизвик, Русинот на неговата видео демонстрација ги прави тешките склекови во полна опрема, носејќи го тешкиот канистер со кислород на грбот.
Коментарите на социјалните мрежи главно се позитивни, а многумина го охрабруваат Анатолиј да продолжи со снимките на кои ќе ја демонстрира својата сила и пожарникарските способности.