Кинеската полиција уапси тројца шверцери и спаси околу 3.600 загрозени сијамски крокодили наменети за рестораните.
Крокодили, долги и до 1,7 метри, беа конфискувани во областа Гуангси, во близина на кинеската граница со Виетнам. Притоа полицијата таа уапси тројца шверцери и спаси околу 3.600 загрозени сијамски крокодили наменети за рестораните.
Камионот што бил пресретнат по анонимен повик носел вкупно 3.619 крокудили, со вкупна тежина над 16 тони. 42 веќе биле починати поради дехидрација и топлотна исцрпеност.
Полицијата соопшти дека шверцерите планирале да ги продадат животните во рестораните познати по својата егзотична храна, во провинцијата Гуангдонг.