Секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со рак на грло на матката, кој е еден од најчестите видови карциноми и во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува. По ракот на дојката, ракот на грлото на матката е вториот по ред најчест рак кај жените и во критичната група се наоѓаат оние на возраст од 25 до 64 години.
Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден” денеска организира прес-конференција по повод Европската недела за превенција од рак на грлото на матката.
Оттаму посочуваат дека оваа канцерогена болест може да се открие и да се спречи навреме, затоа, како што велат, од голема важност е информирањето и подигнувањето на свеста за превенција од овој вид на малигнитет.
Од Здружението на настанот најавуваат обраќања на министерот за здравство Венко Филипче, како и на Биба Додева, претседател на „БОРКА за секој нов ден”, проф. Елена Ќосева, Институт за јавно здравје – ИЈЗ, проф. д-р. Горан Димитров, претседател на Македонското Здружение за Цервикална Патологија, Колпоскопија и ХПВ, ….