Македонската ракометна репрезентација денеска против домаќинот Египет го игра вториот натпревар од групниот сегмент на Светското првенство. Нашиот национален тим е во обид да ги забележи првите бодови на мундијалот.
Во воведниот настап, македонските ракометари претрпеа убедлив пораз од Шведска со 32-20. Домашната селекција пак, на отоврањето на групата Г славеше над Чиле со 35-29.
Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо кој ја предводи селекцијата на Египет за дуелот со нашиот тим ќе го има во составот и десниот бек и прва ѕвезда на тимот Ахмед ал-Ахмар. Тој не го одигра натпреварот против Чиле.
Средбата меѓу Македонија и Египет почнува во 18. часот.