Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на најголемиот Хавајски Остров, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Досега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.
Портпаролот на гувернерот на Хаваи изјави дека земјотресот бил почувствуван на големиот Хавајски Остров и на вториот по големина Мауи.