Американската метеролошка служба денес соопшти дека торнадото, кое што минатата недела ја погоди Оклахома, било ЕФ5, односно е најсилно на скалата со максимална брзина на ветерот, која достигнала 475 киломентри на час.
Кружното торнадо било со пречник од околу четири километри, што е до сега најголем пречник забележан некогаш на територијата на САД.
Торнадото Ел Рено првин беше пониско рангирано, но метеролозите со дополнителна анализа востановија дека се работи за посилно торнадо.
Во околината на Оклахома од торнадото и поплавите починаа 18 лица.
Елена Георгиевска