Почина поранешниот личен лекар на Трамп

Од:

На 73-годишна возраст почина Харолд Борнштајн, поранешниот личен лекар на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп. Веста за неговата смрт е објавена денеска во делот за некролози на весникот „Њујорк Тајмс“.

Причината за смртта не се наведува, но е нагласено дека тој починал минатиот петок, пишува Си-Ен-Ен.

„Мажот полн љубов го надживеаја сопругата Мелиса (Браун), ќерката Алекс и синовите Робин, Џозеф, Џереми и Џексон. Поради пандемијата, службата ќе се одржи во тесен круг на семејството и пријатели”, пишува во некрологот.

Борнштајн беше личен лекар на Трамп повеќе од три децении. Во 2018 година тој за Си-Ен-Ен изјави дека Трамп во 2015 година му издиктирал што да напише за неговото здравје, кога се кандидираше за претседател.

“Неговата физичка сила и издржливост се извонредни. Ако биде избран, Трамп ќе биде најздравата личност некогаш избрана за претседател”, се наведува во неговата проценка.

Трамп се откажа од неговите услуги во 2017 година кога Борнштајн за „Њујорк Тајмс“ изјави дека му препишал на Трамп лек за помош при опаѓање на косата.

-Не можев да верувам дека некој ќе направи толку голема работа во врска со лекот за раст на косата. И, секако, не е повреда на медицинската доверба да се каже дека некој користи „Propecia”, изјави Борнштајн за Ен-Би-Си Њуз во 2018 година.

Борнштајн, исто така, во 2018 година кажа дека во февруари 2017 година го посетиле тројца претставници на претседателот, на кои бил принуден да им ги предаде медицинските досиеја на Трамп. Овие обвинувања подоцна ги демантираше Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“