Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока.
На средбата, која се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19, присуствувал и директорот на КИЦ Сашко Насев.
На средбата, како што информираат од КИЦ, соговорниците постигнале согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека е потребно збогатување со конкретни проекти и интензивирање на средбите меѓу луѓето од областа на уметноста и културата, а било истакнато и дека преку областа на културата и контактите ќе може да се очекува најмногу позитивизам во меѓуодносите на двете држави.