Турската разузнавачка служба предупреди дека новите бранови протести во земјата може да завршат со смрт на учесниците во судирите заради активностите на провокаторите, меѓукои има и странци, соопшти денеска весникот „Јени шафак“, цитиран од агенциите.
Весникот пишува дека според податоци на властите кои ги толкувале снимките од последните судири со полицијата, меѓу мноштвото турски екстремисти имало и странски платеници.
Ги има од 750 до 1.000 лица, агенти, чии дејствија се плаќаат од странски разузнавачки служби. Меѓу нив има многустрански државјани. Тие се внедрени во редовите на демонстрантите, пишува весникот.
Овие луѓе се професионални провокатори, кои имаат стекнато сериозна теоретска подготовка, тие раководат со нападите против полицијата, тврди „Јени шафак“.
Според весникот, значителен дел од провокаторите доаѓаат од маргинални левичарски организации.
Протестите во Анкара покажаа дека провокаторите дејствуваат професионално, пишува уште весникот.