Груевски – Дачиќ: Регионот да се обедини по Скандинавскиот модел

Од:

Премиертите Никола Груевски и Ивица Дачиќ се сложија дека двете земји мора да ја унапредат економската соработка, додека Дачиќ ја предложи иницијативата регионот да се обедини по примерот на Скандинавските или Балтичките земји.

Оценувајќи ја заедничката седница меѓу Србија и Македонија, премиерот Груевски изјави дека средбата е одлична можност за размена на информации за актуелните прашања и состојби во регионот.

Притоа Груевски додаде дека фактот што сите земји во регионот се соочуваат со услови за влез во Европската унија, кои претходно не биле поставувани за други држави, тој изјави: „Тоа нас не не’ обесхрабрува и демотивира, сосема напротив“.

Премиерот Груевски додаде дека соработката преку разни иницијативи е потврда дека Македонија и Србија се залагаат за европеизација на регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски