Познатата тројка, ловци на торнада, Тим Самарас, неговиот син Пол и Карл Јанг загинаа додека се обидувале да следат една од најсилните бури која некогаш ја зафатила Оклахома, за во научни цели да дојдат до нови откритија за неа.
Тројцата научници загинаа во САД, додека одеа по торнадото кој минатата недела ја зафати државата Оклахома, јавија медиумите.
На снимките кои ги објави телевизија Си-Ен-Ен се гледа возило кое до таа мерка е уништено што не е можно да се препозне.
Самарас беше еден од најпознатите придружници на бурите, на што беше посветен 20 години, а еднаш раскажа дека со проучувањето на ураганите и торнадата посакал да се занимава откако ја прочитал книгата и го гледал филмот „Волшебникот од Оз“.
Тој разви научни методи кои донесоа нови знаења за бурите и овозможија подобри можности за нивно предвидување. Друштвото „Национална географија“ 18 пати ги финансираше истражувањата на Тим Самарас.