Ердоган го обвинува Твитер за немирите во Турција

Од:

Турскиот прмиер Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска социјалните мрежа, а посебно Твитер, дека се одговорни за немирите и уличното насилство во Истанбул, Анкара и Измир и во десетина градови во Турција.

Ердоган ги нарече демонстрантите „екстремисти“, а Твитер „најлошиот немирко“ во турското општетство.

– Во Турција постои еден најлош немирко и тој се вика Твитер, рече турскиот премиер, тврдејќи дека на него може да се најдат „најголемите лаги“.

Изјавата на премиерот Ердоган доаѓа по денешната обнова на протестите во Истанбул и Анкара, како и во Измир во помал обем.

Од синоќа во делови од најголемиот турски град, Истанбул се поставени барикади, најчесто од автобуси од градскиот сообраќај. Во Измир демонстрантите и денеска фрлале молотови коктели кон зградата во која се наоѓа седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, додека во Анкара демонстрантите се забарикадирале во еден трговски центар.

Претставник на турското Министерство за внатрешни работи изјави дека се уапсени 1.750 лица, но и дека најголемиот дел од нив по сослушувањето се ослободен.

Асоцијацијата на турските лекари информира дека досега се повредедни илјада луѓе, само во Истанбул и уште 700 во Анкара.

Демонстрациите почнаа минатиот понеделник, како мирен протест против уривањето на истанбулскиот парк Гези на плоштадот Таксим, со цел на тоа место да се изгради, како што велат демонстрантите, „кичерајски трговски центар во квази-османлиски стил“, но набрзо тие прераснаа во најмасовните и најжестоки демонстрации во Турција во последниве децении.

Демонстрациите сега прерсанаа во политички протести против Владата, владејачката АКП и премиерот Ердоган. На протестите во Истанбул демонстрантите бараа оставка од Владата и прекинување со „исламизацијата на турското општество“.

Политичкио експерт и професор на универзитетот „Босфор“ во Истанбул, Корај Чалишкан изјави за лондонски „Гардијан“ дека премиерот Ердоган „повеќе никого не слуша“, што според него го објаснува и револтот на младите и на турската јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски