Поддршка до демонстрантите во Турција, кои од еколошки и урбани преминаа во анти-владини и од членовите на хакерската организација Анонимуси.
Тие нападнале неколку турски владини сајтови.
Сајтовите на турските државни институции, меѓу кои се Министерството за внатрешни работи и официјалниот сајт на премиерот Реџеп Таип Ердоган, се уште се блокирани.