Речиси 3 000 лица од околу 700 куќи добиле наредба за евакуација заради стихијниот пожар што беснее северно од Лос Анџелес, кој зафати површина од околу 103 квадратни километри.
Евакуираните нема да бидат вратени во своите домови до понеделник, а можеби и до вторник, соопшти полицијата во Калифорнија.
Во пожарот уништени се шест куќи, а 15 се во опасност.