Вработен во медицински центар во САД намерно уништил 500 дози вакцини

Од:

Вработен во медицинскиот центар Аурора во Висконсин намерно уништил 500 дози вакцина против Ковид-19 на производителот „Модерна“, објави локалниот телевизиски канал WBAY.

Претходно беше објавено дека минатата недела вработен во медицинскиот центар извадил 50 пакувања вакцини од фрижидерот и не ги вратил назад. Потоа, компанијата појасни дека станува збор за 57 пакети. Повеќе од 500 дози вакцина мораа да бидат отфрлени поради неправилно складирање.

Истрагата утврдила дека вработениот го направил тоа намерно. Името и причината за постапувањето на сторителот не се споменуваат, но тој повеќе не работи во медицинскиот центар.

Би можело да ве интересира

Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории

САД нема да издаваат федерални пасоши за вакцинација

Катерина Ѓуровски

Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош

во САД за 24 часа вакцинирани речиси три милиони лица

Лери Кинг хоспитализиран поради коронавирус

Во САД рекорден број починати од Ковид-19 за 24 часа

Катерина Ѓуровски