Повторно демонстрации на плоштадот Кизилај во Анкара

Од:

Демонстрантите денеска попладне повторно почнаа да се собираат на плоштадот Кизилај во Анкара во знак на поддршка на протестот на плоштадот Таксим во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија.

Полицијата ги затвори сите патишта кои водат кон плоштадот Кизилај. Демонстрантите се движеа кон булеварот Ататурк и зградата на Владата каде се судрија со полицијата. Насобраниот народ фрлаше со камења и други предмети врз полицијата, а таа употреби солзавец и водени топови.

turska-protest-2juni143

Во меѓувреме, турските медиуми јавија дека повторно има насобран народ и на Таксим во Истанбул.

Претходно, турскиот премиер Реџерп Таип Ердоган изјави дека протестите поради сечењето на дрвата во истанбулскиот парк Гези не се еколошки туку имаат идеолошки карактер.

– Во период кога Турција постигнува успеси во сите области, ние сме сведоци на непосакувани провокации. Гледаме како се обидуваат да предизвикаат хаос, каков што се користеше во минатото за да се собори Владата.

Гледаме дека опозицијата и другите сили прибегнуваат кон провокации од безизлез, бидејќи знаат дека ќе изгубат на избори, посочи Ердоган.

turska-protest-2juni14

Тој додаде дека е планирано да се реконструираат касарни од Османлиската империја во паркот Гези, но и да се сочува зеленилото, додека се уште нема конечна одлука за изградба на трговскиот центар.

Мирните граѓански демонстрации во Истанбул почнаа пред неколку денови, а прераснаа во антивладини и се проширија во другите градови.

Во Истанбул засега е мирно, вклучително и во квартот Бешикташ, каде синоќа имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Поради немирите вчера во Истанбул приведени се 200 луѓе, а во Анкара 140. Во другите турски градови бројот на приведени варира од 20 до 90 луѓе. Поголемиот број од нив се испитани и веднаш ослободени.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција