Стотици мигранти во БиХ ноќта ја поминаа во автобуси, се уште нема решение за нив

Од:

Сè уште нема решение за стотиците мигранти кои ја поминаа ноќта во автобуси во близина на кампот Липа кај Бихаќ, во Босна и Херцеговина.

Речиси 700 мигранти ноќта ја поминале во 20 автобуси кои тргнале кон касарната на Брадина, место на северот на општината Коњиќ, но набргу биле запрени бидејќи немало конкретен план за нивно пренесување.

Од локалната полиција изјавиле дека полициските службеници биле на терен цела ноќ и ја обезбедувале локацијата каде што минувале мигрантите.

„Во текот на денот очекуваме дека овој проблем ќе биде решен и дека ќе добиеме конкретни информации, подготвени сме да заминеме, само чекаме одобрување“, велат во МВР.

Кампот Липа беше запален и оттогаш не се знае каде ќе бидат сместени мигрантите.

Првично требаше да бидат преместени во просториите на поранешна фабрика, но на ова се спротивставија граѓаните на Бихаќ и локалните власти.

Истото се случи и со жителите на Брадина, кои вчера дознаа, како и властите, дека мигрантите треба да бидат сместени во тоа место. Тие со протест порачаа дека е неприфатливо за нив да се сместат голем број мигранти во близина на нивните домови.

„Ситуацијата во врска со бегалците е доказ за немоќта на ЕУ, а во Босна и Херцеговина е трагична“, рече генералниот секретар на австрискиот Црвен крст, Михаел Оприсниг.

„Трагично е да се гледа третманот со луѓето“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски