Уапсени осомничените за кражбата во златарницата Бени во Тетово

Од:

СВР Тетово поднесе кривични пријави за разбојништво и тешка кражба против четири лица како осомничени дека се сторители на вооржениот грабеж извршен во златарницата Бени во петокот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Полицијата поднела пријави против Џ.Н.(35) од Тетово и Е.Д.(29) од Тропоја, Албанија како и против уште две засега непознати лица.

Според Јосифовски, албанскиот државјанин и двете непознати лица во петокот маскирани и вооружени со пиштол и чекан го извршиле разбојништвото во златарницата при што од сопственикот А.М.(42) одзеле околу 7 килограми златен накит во вредност помеѓу 250 и 300 илјади евра како и околу 7.000 евра во разни апоени по што со автомобил форд мондео избегале и се упатиле во правец на спортската сала во градот каде го полиле автомобилот со течност и го запалиле. Таму ги чекал првообвинетиот Џ.Н. кој бил со друго возило по што тројцата со одземените пари и накит влегле во возилото и заминале.

Во рамките на откривање на сторителите на грабежот на златарницата полицијата вештачела повеќе предмети и видео снимки кои покажале совпаѓање на возилото на Џ.Н. со возилото во кое влегле лицата со пленот од златарницата Бени. Џ.Н. бил приведен и задржан во полицијата уште во петокот попладне додека албанскиот државјанин бил откриен во текот на вчерашниот ден во штала во тетовската населба Дреновец по што и тој бил приведен од полицијата.

Двајцата со кривични пријави за разбојништво и тешка кражба биле изведени пред истражен судија кој им определ мерка притвор од 30 денови по што веднаш биле префрлени во затворот во Прилеп.

– Одземеното злато и пари се уште не се пронајдени, а во досегашниот тек на истрагата било утврдено дека опожареното возило форд мондео било украдено помеѓу 20 и 21 април од автоплац во Скопје што укажува дека грабежот на златарницата во Тетово долго време бил планиран, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи