Членката на панк групата „Пуси рајот“ Марија Аљехина денеска го прекина 11-дневниот штрајк со глад откако затворската управа ги прифати нејзините барања.
Аљехина се жалеше дека затворската управа се обидела да ги сврти другите затвореници против неа со тоа што вовела построги безбедносни мерки.
Затворениците, кои претходно можеле слободно да доаѓаат и да заминуваат од работните места, морале да чекаат и до еден час на стражарска придружба.
Аљехина, заедно со Надежда Толоконикова се осудени на две години затвор поради панк протест против рускиот претседател Владимир Путин во главната московска црква.