Пожарот во мигрантскиот камп Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, објави шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт.
Тој истакна дека пожарот бил предизвикан од мигрантите со палење на шаторите и контејнерите.
Иако Советот на министри на БиХ минатата недела одлучи кампот Лила да остане и да бидат поставени контејнери во кои мигрантите ќе ја поминат зимата, ИОМ одлучи тој да се затвори поради недостиг на услови за престој.
На одлуката кампот да остане во Липа се спротивстави Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ, која побара мигрантски кампови да се постават и на територии каде не живеат само Бошњаци.
Thanks to intervention of local fire brigade fire in #migrant camp Lipa #Bihac #BiH is now under control. Pretty much all infrastructure has been destroyed or damaged. Terrible day. @UNmigration @UN_BiH @IOM_ROVienna pic.twitter.com/fT6lDCMxaB
— Peter Van der Auweraert (@PeterAuweraert) December 23, 2020