Ердоган апелира за прекин на протестите

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика демонстрантите веднаш да го прекинат протестот, додавајќи дека нема да се сменат плановите за преуредување на централниот истанбулски плоштад Таксим.

Тој наведе дека е можно полицијата да употребила преголемо количество солзавец и оти таквите тврдења ќе бидат испитани. Турската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите кои се обидуваа да стигнат до Таксим, како и врз луѓето кои се обидувале да стигнат до зградата на Парламентот во Анкара.

Протестите почнаа синоќа поради одлуката за реконструкција на паркот Гези на плоштадот Таксим, каде е предвидено да се гради трговски центар и да се реконструираат воени касарни од времето на Османлиската империја. Демонстрациите за заштита на паркот прераснаа во антивладини протести и се проширија и низ другите турски градови.

Невладините организации за заштита на човековите права тврдат дека во синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата повредени се стотици луѓе.

– Полицијата вчера беше на Таксим. Таа ќе биде таму и денеска, а и утре. Таксим не може да биде место каде беснеат екстремистички групи, посочи Ердоган.

Во повеќе градови во Турција во текот на ноќта и раните утрински часови приведени се околу 180 луѓе заради насилствата за време на протестите за реконструкциски зафати во паркот Гези сместен на истанбулскиот плоштад Таксим.

Во Истанбул се приведени 69 луѓе, во Измир 90, Испарта 16 и Кајзери девет луѓе, потврдија официјални лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски