Mеѓународна конференција „Предисторија во Македонија“

Од:

Mеѓународна конференција на тема „Предисторија во Македонија“ ќе биде одржана денеска во организација на Центарот за истражување на предисторијата со поддршка на Министерството за култура. Ова е шесто издание на веќе традиционалната конференција „Неолитот во Македонија“, која поради актуелната пандемија годинава ќе се одвива во онлајн форма.

На конференцијата ќе бидат презентирани 14 реферати подготвени од триесеттина археолози од С. Македонија, Албанија, Србија, Грција, Турција, Словенија, Романија, Чешка, Австрија, Германија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија и САД. Македонските и странските археолози ќе говорат за најновите сознанија поврзани со предисториското културно наследство во С.Македонија, Балканот, Анадолија и Централна Европа иќе ги дискутираат научните проблеми што ги обработуваат врските меѓу овие региони.

Ќе бидат претставени најновите сознанија од истражувањата на повеќе предисториски локалитети, вклучувајќи ги и резултатите од кабинетските, теренските и од теориските проучувања. Ќе бидат промовирани и новите методи што се применуваат при истражувањето на предисториските населби, како што се просторните, геомагнетните, зооархеолошките, дендрохронолошките, функционалните и археоботаничките анализи, но исто така и тековните пристапи во толкувањето на стратиграфијата, архитектурата, садовите, алатките, погребувањата и човечките претстави во предисторијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовирано најновото издание на Центарот за истражување на предисторијата, односно зборникот на трудови „Неолитот во Македонија: во чест на Драгица Симоска“. Овој зборник е резултат од минатогодишната конференција и претставува петто издание во оваа едиција посветена на неолитот.

Конференцијата ќе биде на англиски јазик и ќе се пренесува во живо на фејсбук профилот на Центарот за истражување на предисторијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат