Поранешниот командант на силите на САД во Авганистан ја повика Белата куќа да објави колкава ќе биде бројноста на армиските сили кои има намера да ги остави во таа држава по 2014 година.
Генералот во оставка Џон Ален изјави дека Авганистанците сакаат да знаат со сигурност колку американски војници ќе останат во државата откако мнозинството ќе замине до 31 декември 2014 година пред да преземат целосна одговорност за државата.
Ален додаде дека објавувањето на бројот на војниците ќе помогне да бидат негирани тврдењата на талибанците дека сите американски војници ќе ја напуштат таа држава.