Претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната средба во Сараево истакнаа дека двете земји имат собри политички односи и билатерална соработка без отворени прашања.
Во соопштението од Претседателството се истакнува дека Русија е еден од најважните надворешно трговски партнери на Босна и Херцеговина и заеднички интерес е дополнителното интензивирање на економската соработканадеж дека ќе продолжи билатералната соработка на обострана корист.
Лавров ја повтори поддршката од Русија за мирот и стабилноста во БиХ.
Додик и Лавров оценија дека е потребно поинтензивно да се работи на изнаоѓање на решението за проблемот со мигрантската криза.