Научно-фанатастичен документарец убедил одреден број гледачи во постоењето на сирените

Од:

Телевизијата „Анимал Планет“ емитуваше документарна емисија по која голем број гледачи биле убедени дека сирените навистина постојат.

Двочасовната документарна емисија „Сирена: Пронајденото тело“ во најавита е опишана како „научна-фантастика базирана на вистински докази и научни теории“, но веднаш по нејзиното прикажување предизвика бран реакции на социјалните мрежи од кои произлегува заклучокот дека дел од гледачите поверувале дека она што го гледаат е вистинито и дека морските сирени се вистински суштества.

Покрај ова некои гледачи се јавиле и во американската Национална океанска и атмосферска управа, каде поставувале прашања дали тоа што го виделе во емисијата е вистина или измислица.
Откако осознале дека не постојат научни докази дека сирените навистина постојат, голем дел од овие гледачи се нафрлиле врз телевизијата „Анимал Планет“ обвинувајќи ја дека ја лаже јавноста со митови и фантазии.

По бурните реакции се огласи и извршниот продуцент на документарецот Чарли Фоли, кој изјави дека гледачите треба на филмот да му пристапат со резерви и да имаат предивд дека првенствено станува збор за забава.

Во документарната емисија биле користени одредени научни теории кои очигледно просечните гледачи ги прифатиле многу лековерно и поверувале дека тоа што го гледаат на телевизијата е вистинито.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините