Турски војници вчера отвориле оган кон Сирија откако нивното возило, кое патролирало во реонот на турско-сириската граница било нападнато, се наведува во денешното соопштение на турската армија.
Турските војници возвратиле на огнот откако три до пет вооружени мажи истрелале околу 20 куршуми врз возилото.
Инцидентот се случил вчера попладне на турско-сириската граница во округот Хатај, јужниот дел на Турција.
Во инцидентот нема настрадани турски војници.