Русија пријави прво кршење на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах

Од:

Договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах беше прекршен по првпат откако беа ставени под контрола непријателствата на завојуваните страни и откако беа распоредени руски мировници во регионот, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Министерството објави дека инцидентот се случил вчера, во областа Хадрут, пренесува ТАСС.

Руските мировници ја продолжуваат својата мисија во Нагорно Карабах и се спроведува 24-часовно следење на почитувањето на договорот со 23 места за набљудување, се вели во соопштението на Министерството.

Претходно денеска, Министерството за одбрана на Ерменија извести дека Азербејџан започнал офанзива на јужниот дел на регионот.

На 9 ноември, рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашињан потпишаа договор за целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Договорот предвидува страните да ги задржат своите позиции, како и распоредување руски мировници во регионот.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски