Азербејџанските сили повторно започнаа борбени дејствија во Нагорно-Карабах, соопшти ерменското министерство за одбрана

Од:

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанските сили повторно започнале борбени дејствија во Нагорно-Карабах.

„Азербејџанските сили на 12 декември ги обновија борбените дејствија во правец на населбите Стар Таглар и Хцеберд“ се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека војската на Нагорно-Карабах, во врска со тоа, ги презела сите неопходни чекори.

Засега не е познато дали има настрадани во борбите. Исто така, по ова прашање засега не се огласила азербејџанската страна.

Инаку, овие две места во Нагорно-Карабах се енклави и единствено тие не се под контрола на азербејџанската војска.

Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија постигнаа примирје на 10 ноември и тогаш во целост беа прекинати борбените дејствија. Во согласност со мировниот договор, кој беше потпишан во Москва, покрај прекинот на огнот, договорена беше и размена на заробеници.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски