Хелсиншки комитет: Во ноември зголемен број случаи на говор на омраза

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права верификувал вкупно 112 пријави за ноември годинава, што, според нив, претставува зголемување за 10 проценти споредено со претходниот месец. Најголем дел од случаите се поврзани со говор на омраза врз основа на етничка припадност.

-Негативната реторика овој месец ескалираше на социјалните медиуми што придонесе за високиот број пријави за говор на омраза. За жал, периодов сме сведоци на пораст на екстремниот национализам и дискриминацијата по разни основи кои жилаво опстојуваат и покрај свесноста за штетата и уназадувањето кое тие го предизвикуваат. Исто така, врз основ на нашата анализа, повторуваме дека најмладата популација (18 – 26 години) е најмногу изложена на манипулации и дезинформации и честопати е најактивна категорија која употребува говор на омраза на социјалните медиуми, се вели во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваа дека говорот на омраза врз основ на етничка припадност е во постојан пораст и забележани се рекорден број пријави, односно 57 отсто од сите регистрирани случаи се на овој основ.

-Пораката на Комитетот е дека живееме во дел од светот кој многупати во минатото се соочил со уништувачките последици на нетолеранцијата и нејзините продукти: омразата и насилството. Затоа, секогаш и секаде мора да се повторува дека толеранцијата е клучна за одржување на мирот и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата кои се мултиетнички и мултикултурни. Од друга страна, не смее да се игнорира социјалната нееднаквост, дискриминацијата и говорот и делата од омраза, кои произлегуваат токму од нетолерантност однос кон другите и различните, потенцираат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја повикува Владата на Република Северна Македонија, особено Министерството за внатрешни работи, итно да преземат мерки што се во нивна надлежност за санкционирање на овој феномен – односно поинтензивна работа со граѓанските организации и јавна кампања за дополнителна едукација на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска