Десет лица загинаа, а 13 се повредени во сообраќајна несреќа на минибус во југоисточниот турски округ Адјаман.
Инцидентот со минибусот, кој превезувал земјоделски работници, се случил синоќа, кога при преминување прекумост пукнала гумата на возилото и возачот загубил контрола над воланот.
Минибусот паднал во во амбис под мостот, од височина од 30 метри. Сите загинати се жени. Шест од нив починале на местото на несреќата, а останатите четири подоцна во болница. Состојбата на некои од 13-те повредени лице е критична.
Валијата на округот изјави дека ќе биде спроведена проверка за состојба на мостот, на кој досега се случиле и други фатални сообраќајки.