Околу 400.000 морнари, кои во моментот и покрај тоа што им истекле договорите за работа на бродовите и на море, се уште не можат да се вратат дома поради ограничувањата на патувањата воведени за пандемијата со новиот коронавирус, соопшти денеска Меѓународната поморска организација на Обединетите нации (ИМО).
Некои од морнарите работат повеќе од 18 месеци, што е подолго од предвидените 11 месеци.
Исто така стотици илјади поморци се заглавени во своите домови и не можат да им се придружат на екипажите на бродовите на кои работат.
– За жал, видовме дека човековите права на морнарите, рибарите и другите поморски работници се загрозени за време на пандемијата, изјави генералниот секретар на ИМО, Китак Лим.
Тој додаде дека е јасно оти се работи за човековите права и оти таквата состојба предузвикува огромен напор, умор и исцрпеност на морнарите, што е неодржлива ситуација.