Почина светскиот шампион од 1982 година, Паоло Роси

Од:

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“. Засега нема информации за околностите на смртта.

Во 1982 година на Светското првенство, Роси стана најдобар стрелец и му помогна на тимот да го освои Мундијалот. Во групната фаза, тој постигна хет-трик со Бразил (3:2), а во финалето – постигна еден гол против Западна Германија (3:1).

Исто така во 1982 година, Роси ја доби Златната топка и беше прогласен за најдобар играч на СП 1982 година. Италијанецот е вклучен на списокот на ФИФА 100 и на списокот на најдобри фудбалери на 20 век според Светскиот фудбал.

Роси одигра 48 натпревари за италијанската репрезентација и постигна 20 гола. Тој играше за клубови како Виченца, Милан, Јувентус, Верона и Перуџа. Со Јувентус двапати ја освои Серија А.

Би можело да ве интересира

Ограбен домот на Роси за време на неговиот погреб

Ана Ололовска

Илјадници луѓе на последното испраќање на Паоло Роси

Ана Ололовска

Најдобри стрелци во историјата на Мундијалите

Наум Локоски