Босанските медиуми објавија дека по Анџелина Џоли, која пристигна за отварањето на Сараевскиот филмски фестивал, следниот е Џорџ Клуни кој ќе пристигне за затворањето.
Популарната филмска ѕвезда, наводно, би требало да пристигне во Сараево последниот ден од фестивалот, на 14. јули и ќе престојува во хотелот „Европа“.
Џорџ во моментот е на одмор во Италија со својата поубава половина Стејси Кеиблер.
Иако информациите се уште не се потврдени, се чини дека Џорџ навистина ќе и се придружи на својата славна пријатека Анџелина Џоли.