Париз и Берлин имаат решение за невработеноста

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд најави дека Париз и Берлин ќе започнат офанзива против невработеноста на младите во ЕУ, која ја помина границата од шест милиони.

Мора бргу да реагираме, шест милиони млади лица од 15 до 24 години се невработени, а околу 14 милиони се невработени , не студираат и не одат на стручно усовршување, нагласи Оланд.

Тој е уверен дека ќе постигне договор со германската канцеларка Ангела Меркел во врска со спроведување на планот за вработување на младите од оваа година.
Францускиот и германски министер за труд, Мисел Сапен и Урсула фор дер Лајен во текот на средбата во Париз постигнаа договор околу главните точки на француско –германскиот план „Европска иницијатива за развој и нови работни места“.

Главното место во планот го зазема пристапноста до кредити за мали и средни претпријатија, алтернативниот развој и геополитичката мобилност. Истовремено планот предвидува и оптимално користење на постоечките европски фондови.

Планот гарантира дека ниту еден припадник на младата генерација нема да остане подолго од четири до шест месеци без работа, стаж или стручно усовршување.

Германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле предупреди дека на младите не треба да им се даваат краткорочни ветувања кои не се одржливи во некој подолг период, истакнувајќи дека пред се се неопходни структурни реформи насочени н аподобрување на стопанската конкурентност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп