Уапсени 95 лица на протестите во Франција

Од:

Според министерството за внатрешни работи, по вчерашните демонстрации во Франција против несигурноста и законот за „Општа безбедност“. биле уапсени 95 лица во Франција од кои 42 во Париз. Обвинителството во Париз соопшти дека 25 лица се во притвор, вклучувајќи и две малолетни лица. Поголемиот дел од приведените во полиција се за „учество во група формирана за извршување насилство“, додека едно лице се сослушува за „намерно насилство врз лице кое има јавен овластување“, додаде обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан ги осуди оние „кои ја разбиваат Република“. Имено на улиците на кои поминаа демонстрантите можеа да се видат изгорени автомобили, искршен уличен мебел и оштетени излози. Имено вчерашните демонстрации повторно беа сцена на вандализам, со што пораката од нив, заедно со социјалните барања, беше нечујна.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека 67 полицајци и жандарми – од кои 48 во Париз – биле повредени за време на демонстрациите, кои собраа околу 52 000 учесници низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина