Лавров: Русија не гледа друг пат за Сирија, освен меѓународна конференција

Од:

Москва не гледа друг пат за решавање на конфликтот во Сирија, освен прекусвикување меѓународна конференција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Конфликтот во Сирија веќе долго време се почесто добива верски карактер. Тоа може да ги продлабочи противречностите во исламскиот свет и сериозно да ја загрози безбедноста на немуслиманите во Сирија, како што се христијаните, Курдите и голем број други, нагласи рускиот министер.

– Затоа не гледаме никаков друг пат, освен да се свика конференција. За постигнување на целта сепак треба сите чесно да работат и да не се дозволуваат двојни стандарди, истакна Лавров.

Според Лавров, напорите на САД да протуркаат резолуција за Сирија во Советот за човекови права на ОН не помагаат во организирање на меѓународна конференција.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца