Во периодот од 24 до 27-ми овој месец непознати сторители извршиле кражба на повеќе делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште.
Кражбата е извршена со демонтирање и одземање на 500 штрафови за шини, 160 плочки и 20 спојки за шини од помошната железничка пруга на челичниот мост кај селото Колари.
Сторителите ја извршиле кражбата на начин што најнапред ги демонтирале штрафовите, плочките и спојките а потоа насилно ги корнеле и оттргнувале од шините.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.