Полицијата во Истанбул употреби солзавец за да растера група демонстранти, меѓу кои и опозициски пратеници, кои протестираа против разурнувањето на еден парк на плоштадот Таксим, на чие место е планирано да се изгради трговски центар.
Откако на социјалните мрежи била објавена информација дека во текот на минатата ноќ започнало корнењето на дрвјата и уривањето на паркот Гези, демонстрантите излегле на мирен протест, истакнувајќи транспаренти со натпис: „Ние стоиме на местото за Таксим“.
И покрај мирниот протест, полицијата употреби солзавец за растерување на демонстрантите, по што градежните работи на плоштадот продолжиле.