ВИДЕО: Трамп на прием во Белата куќа најави можна кандидатура во 2024 година

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави можна нова кандидатура за 2024 година.

– Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да бидат уште четири години. Во спротивно, се гледаме за четири години, рече Трамп пред гостите на празничниот прием во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп на социјалните мрежи ја објави еден од гостите.

На видеото се гледаат десетици луѓе собрани во холот на Белата куќа. Многу од нив не носат заштитни маски, со што се кршат упатствата на американската Влада издадени поради епидемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп