Обединетите нации денеска соопштија дека околу 100.000 бегалци од Еритреја, кои се сместени во кампови во северниот регион на Етиопија, Тиграј, и кои во изминатиот еден месец се отсечени од светот, ќе останат без храна.
– Од час во час расте загриженоста дека камповите ќе останат без храна, изјави портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Бабар Блох.
Тој додаде дека ОН предупредувле дека бегалците ќе останат без храна.
Регионот Тиграј, каде живеат околу шест милиони луѓе, повеќе од еден месец е во центарот на судири помеѓу централната власт во Адис Абеба и бунтовниците, поради што се прекинати транспортните и комуникациските врски, па не можат да се доставуваат храна, лекови и друго.
Според УНХЦР на околу два милиони луѓе во Тиграј им е потребна помош, а еден милион луѓе се раселени, вклучително и над 45.000 Етиопјани кои побегнаа во Судан.
Околу 96.000 бегалци од Ертитреја, кои се сместени во камповите на границата со Етиопија, се во тешка ситуација, тие често се и мета на напади и злоставување.
Владата на Етиопија соопшти дека ќе создаде и управува со хуманитарен коридор за испорака на помош, додека ОН бараат неутрален пристап.